
Фудбалската репрезентација на Франција доживеа пораз од Хрватска (0-2) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации, одигран во Сплит. Домаќините славеа со голови на Анте Будимир и Иван Перишиќ, но селекторот на „петлите“, Дидие Дешамп, остана смирен по натпреварот.
„Го започнавме мечот добро, но направивме неколку грешки. Им овозможивме на противниците да создадат шанси за гол. Во второто полувреме игравме многу подобро. Пред тоа, Мајк Мењан одбрани пенал, а потоа ние промашивме неколку одлични можности. Се обидовме со сè што имавме, но ни недостигаше прецизност во завршницата“, изјави Дешамп.
Французите не успеаја да го наметнат својот ритам, додека Хрватите ја искористија секоја грешка на противникот.
„Загубивме во првиот натпревар, но ќе се обидеме да победиме на домашен терен. Очигледно е дека во првото полувреме не игравме на нашето ниво. Дадовме сè од себе за да ја промениме ситуацијата, но бевме казнети за грешките што ги направивме пред паузата – беа премногу, повеќе од вообичаеното“, призна францускиот селектор.
Франција ќе има шанса за реванш на „Стад де Франс“ во Париз на 23 март, каде што ќе се обиде да направи пресврт и да се пласира во полуфиналето на Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
