Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција на 7. октомври игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.
Чуварот на мрежата на Македонија и еден од најдобрите поединци на последниот квалификациски дуел против Србија, Давид Денковски верува дека оваа репрезентација на Македонија поседува квалитет и ќе се избори за позитивни резултати на двата меча кои ни следуваат.
„Не очекуваат две тешки гостувања против Фарски Острови и Ерменија. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е освојување на максимални шест бода од двата натпревари. Против Франција и Србија очекувавме повеќе, посебно на резултатски план, но освоивме само еден бод. Се надевам дека сега нема да ги повториме грешките од претходните средби и ќе ги оствариме првите две победи во квалификацискиот циклус. Имаме одличен тимски дух, сите сме подготвени да дадеме се од себе за дресот на Македонија“, изјави Денковски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski