По импресивната сезона и убедливата победа на Пари Сен Жермен над Интер со 5-0 во финалето на ЛШ, Осман Дембеле зборуваше со самодовербата и гордост поради овој исклучителен успех. Францускиот репрезентативец го потенцираше значењето на тимскиот дух, самодовербата стекната низ сезоната и огромната конкуренција во тимот, која бара целосна посветеност на секој натпревар.
„Ова е голема гордост. Неверојатно е. Да се игра финале во Лигата на шампионите и да се победи со стил. Да се победи со 5-0 против екипа како Интер е тешко. Нашата самодоверба растеше од натпревар во натпревар“, изјави среќниот Дембеле.
„Знаевме дека во ова финале ќе треба да прикажеме одличен фудбал, да ги покажеме квалитетите на овој одличен Пари Сен Жермен. Во овој тим има голема конкуренција, што значи дека мораш да дадеш 100 проценти“, додаде крилниот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













