Осман Дембеле отпадна од составот на Франција за претстојните натпревари во Лигата на нации. Mеѓу 14 и 17 ноември, „триколорите“ ќе се соочат со Израел и со Италија.
Дембеле има повреда на бутниот мускул, која ја заработи на натпреварот на Пари Сен Жермен против Анже за време на викендот. Иако повредата не е сериозна, тој нема да биде закрепнат навреме за натпреварите на националниот тим.
На местото на Дембеле, селекторот Дидие Дешамп го повика крилото на Баерн Минхен, Кингсли Коман.
Од составот на „триколорите“ исто така е отсутен и Весли Фофана, кој беше заменет со Бењамин Павар.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













