
Арсенал во драматичен финиш, со голот на Деклан Рајс во 97.минута, буквално во последниот напад, дојде до триумф (3-4) на гостувањето против Лутон. „Топчиите“ беа големи фаворити, но се измачија за да дојдат до победа и да се зацврстат на првото место на табелата во Премиер-лигата.
Мартинели донесе водство за Арсенал во 20.минута, но Лутон израмни пет минути подоцна преку Габриел Ошо. Пред крајот на првиот дел Габриел Жесус сепак се погрижи Арсенал да замине до предност од 1-2 на одморот.
Лутон одлично го почна второто полувреме, Адебајо во 49.минута израмни на 2-2, а Рос Баркли во 57.минута направи пресврт за 3-2 за домаќинот.
Каи Хаверц го врати Арсенал во игра со голот во 60.минута и израмни на 3-3, а потоа лидерот долго време се обидуваше да дојде до победнички погодок. Кога речиси сите мислеа дека нема да успее, Деклан Рајс со удар со глава во 97.минута донесе триумф за Арсенал.
Вулверхемптон го победи Барнли со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Хванг Хи-Чан во 42.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
