Јувентус соопшти дека операцијата на дефанзивецот на тимот Матија Де Шилјо утрово била успешна. Се очекува десниот бек да закрепнува околу шест месеци.
„Интервенцијата спроведена во клиниката Тониоло во Болоња од страна на професорот Стефано Зафанини од ортопедскиот институт Рицоли, во присуство на лекарот на Јувентус, доктор Марко Фреши, беше целосно успешна. Фудбалерот ќе започне со закрепнување во следните денови“, соопшти клубот од Торино.
Де Шилјо се повреди на натпреварот против Лече (2-1) на 3 мај, при што ги скина внатрешните вкрстени лигаменти. Сезоната за него заврши, а тренерот Масимилијано Алегри го чека назад во првата половина од сезоната 2023/24.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













