Фудбалерите на Тотенхем на домашен терен го победија тимот на Брајтон со 2-1 во натпреварот од 30. коло на англиската Премиер лига.
Хјонг – Мин Сон ги доведе домашните во водство во десеттата минута, а седум минути подоцна на Каору Митома од Брајтон му беше поништен гол поради игра со рака.
Гостите израмнија во 34. минута со голот на Луис Данк, а во преостанатиот дел од натпреварот беше поништен уште еден гол поради игра со рака. Овојпат беше поништен голот на Дени Велбек во 55. минута.
Следуваше инцидент меѓу тренерите на двата клуба, а набрзо беа исклучени Кристијан Стелини (Тотенхем) и Роберто де Зерби (Брајтон).
„Ги почитувам сите актери на играта и на теренот и надвор од него. Ова особено се однесува на тренерите. Сепак, Стелини не ме почитуваше. Не го навредив, само му го кажав своето мислење. Никогаш ништо не кажувам на судиите во текот на играта. Веќе имаат доволно тензија. Сепак, другата страна постојано вршеше притисок“, изјави Де Зерби по натпреварот.
Тотенхем победи со 2-1, со голот на Хари Кејн постигнат во 79.минута.
Тотенхем е на петтото место со 53 бодови, додека Брајтон е седми со седум бода помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













