Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, се закани дека неговиот клуб можеби нема да патува во Ријад за Суперкупот на Италија.
Сезонава турнирот ќе се одржи меѓу 18 и 22 јануари во Саудиска Арабија и за првпат ќе учествуваат четири екипи, а покрај „наполитанците“ тоа се Интер, Лацио и Фиорентина.
Де Лаурентис е загрижен за состојбата на терените во Саудиска Арабија.
„Доколку терените не се на потребното ниво, нема да го испратам Наполи“, изјави претседателот на шампионот.
Според „Кориере дела Сера“, претставниците на Наполи во наредните денови ќе отпатуваат за Ријад за да ги проверат условите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













