
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, следната сезона нема да го води новопечениот италијански шампион бидејќи побарал една година пауза, откри вчера сопственикот на клубот Аурелио де Лаурентис. Спалети го предводеше Наполи до титулата шампион на Италија, прва по 1990 година, а сега си заминува.
Наполи веќе е во потрага по негова замена, а првиот човек на италијанскиот шампион преговара со Луис Енрике, селекторот на Шпанија и поранешен тренер на Барселона.
„Секако дека Луис е врвен тренер. Разговаравме, но можам да ви кажам дека има на ум работа во еден од клубовите од Премиер – лигата. Му реков дека таму нема да најде добра храна и места за живеење како овде во Италија, но разбирам дека таа понуда е финансиски попривлечна. Тие му нудат пари, а ние му нудиме подобра храна“, изјави шефот на Наполи за „РАИ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
