Connect with us

Де Бруин: Не заслужив награда за најдобар играч на мечот

Белгиската ѕвезда Кевин Де Бруин беше прогласен за играч на натпреварот во победата од 1-0 над Канада. Сепак, играчот од средниот ред на Манчестер Сити изрази збунетост од наградата, бидејќи рече дека одиграл лош натпревар.


Белгијците наидоа на сериозен отпор од канадските фудбалери и беа надиграни во многу моменти од натпреварот.

Голманот Тибо Куртоа го одбрани пеналот на Алфонсо Дејвис, а Мичи Батшуаи го постигна победничкиот гол за „црвените ѓаволи“.

„Мислам дека не одиграв добар натпревар, не знам зошто ја добив наградата за играч на натпреварот – можеби поради моето име. Едноставно не одигравме добро, особено во првото полувреме. Почнавме многу лошо, не можевме да го пробиеме пресингот. Не одигравме добро, вклучително и јас, но успеавме да победиме“, изјави Де Бруин по натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови