
Ветеранот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, откри дека бил изненаден од одлуката на клубот да не му понуди продолжување на договорот, кој истекува во јуни оваа година.
33-годишниот белгиски репрезентативец овој месец преку социјалните мрежи објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, по цели десет години поминати во редовите на „граѓаните“.
„Мина околу половина недела, а потоа го објавив тоа. Не беше пријатно. Семејството не ми беше дома, беа на велигденски одмор, па сè изгледаше малку чудно. Но, тоа е. Не чувствувам потреба да ги споделувам сите детали. Тоа е деловна одлука на клубот. Очигледно одлуката веќе беше донесена. Разговорот не траеше долго, но ја прифаќам ситуацијата, иако верувам дека сè уште можам да придонесам многу“, изјави Де Бруин по победата на Сити од 0-2 против Евертон во саботата.
Во текот на својата деценија во Манчестер Сити, Де Бруин одигра 416 натпревари, постигна 107 голови и забележа 177 асистенции.
Со клубот освои шест титули во Премиер – лигата, една титула во Лигата на шампионите, како и повеќе домашни трофеи.
„Немав никаква понуда цела година, тие едноставно ја донесоа таа одлука. Секако дека бев малку изненаден, но морам да го прифатам тоа. Искрено, верувам дека и понатаму можам да играм на високо ниво, како што сум покажувал досега. Сега сакам само да играм фудбал. Ќе разговарам и ќе го планирам следниот чекор“, додаде белгискиот ас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
