Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, е опериран по тешката повреда на коленото, соопшти „кралскиот клуб“. Австрискиот интернационалец ги скина вкрстените лигаменти и ќе отсуствува околу осум месеци.
Хируршката интервенција во Инсбрук ја изврши д-р Кристијан Финк, кој претходно ги оперираше Мануел Нојер и Лирој Сане. Баерн асистираше во операцијата бидејќи Алаба е поранешен играч на клубот од Минхен.
„Нашиот фудбалер Давид Алаба беше успешно опериран по скинатите лигаменти на левото колено под надзор на лекарскиот тим на Реал Мадрид. Во наредните денови тој ќе го започне процесот на закрепнување“, објавија од „Бернабеу“.
Се очекува „кралевите“ да привлечат нов дефанзивец во јануари, бидејќи долго време е надвор од теренот и Едер Милитао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













