
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, е избран за спортист на годината во Австрија од страна на членовите на Здружението на новинари. Фудбалерот по третпат ја заслужува оваа чест. Тој ја освои наградата „Ники“, која го носи името на починатиот поранешен Формула 1 возач Ники Лауда.
Кај мажите прв е Алаба, а кај жените наградата ја заслужи олимписката шампионка во сноуборд Ана Гасер.
Меѓу екипите, фудбалскиот тим Ред Бул Салцбург го зазеде првото место, откако стана австриски шампион деветти пат по ред.
Давид Алаба ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а стана и шампион на Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal