Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во напредни преговори со играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, пренесува „Марка“. Весникот тврди дека преговорите помеѓу раководството на „кралскиот клуб“ и агентот на Алаба се одвиваат во позитивна насока и се очекува австрискиот интернационалец да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Пини Захави, кој е агент на Давид Алаба, има одлични односи со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а левиот бек влезе во последната година од договорот со Баерн и не се договори за продолжување на соработката. Самиот играч исто така преферира преселба во Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













