
Дашмир Беари е именува за нов шеф на стручниот штаб на кичевскиот второлигаш Велазерими 77. Беари се договори на соработка со кичевци на една година, со можност за продолжување на договорот потоа на уште една година.
Во новата натпреварувачка сезона Велазерими влегува со максимални амбиции, поради што определбата е за ангажман на амбициозен тренер со богато искуство. Беари претходно во својата кариера беше тренер во Саудиска Арабија како и селектор на македонската репрезентација до 15 години. Негов помошник ќе биде Боби Тодоров, досегашен координатор на школата во помладите категории. Останува отворено единствено уште прашањето за тренер на голманите во клубот.
„Продолжуваме со нашата политика за форсирање млади и перспективни фудбалери. Секако планот е да се ангажираат и неколку искусни фудбалери како би се подигнало нивото на квалитет на тимот. Нашата цел во новата сезона ќе биде пласман во Првата македонска фудбалска лига“ – вели претседателот на Велазерими, Блерим Садику.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
