
Дарко Велковски беше еден од клучните актери во походот на Македонија кон второто место во квалификациите за СП и обезбедување бараж за мундијалот во Катар. Македонија го освои второто место во групата зад Германија и пред Романија, а во баражот прва пречка е актуелниот европски првак Италија.
Дефанзивецот вели дека имавме многу тежок ждреб, но дека можеме да направиме ново чудо.
„Не знам што да кажам. Ни се погоди најтешкиот ждреб. Натпреварот во Италија е за два месеци и верувам дека селекторот ќе подготви добра тактика. Пред нас е голема пречка, но нема друг начин освен да им се спротивставиме на Италијанците на најдобар можен начин. Верувам дека можеме да изненадиме. Игравме со Италија пред три години и водевме со 2-1 дома, а на крајот примивме два гола и загубивме. На гости во Торино одигравме 1-1. Италија повеќе ни одговара од Португалија. Но, повторно, ова се европски шампиони кои имаа голема серија без пораз“, вели Велковски.
Во групата Ц Лигата на нации, репрезентацијата на Македонија игра со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
„Групата е по мерка. Се надевам дека ќе бидеме први во групата иако сите репрезентации освен Гибралтар се блиску на ранкингот на ФИФА“, коментира македонскиот репрезентативец.
Тој ја истакнува фантастичната атмосфера во репрезентацијата, вели дека сите му се како браќа и дека тоа е тајната на успехот.
„Близок сум со моите браќа од репрезентацијата и одлично ми е да играм со нив. Со Стефан Ристовски сум шест години во репрезентацијата. Сега и неговиот брат Милан е дел од националниот тим. Тие се одлични момци и секогаш го оставаат срцето на теренот. И Адеми е тука со нас, исто како Атанасов од Хајдук“, вели Велковски во интервју за хрватските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
