Дарко Чурлинов од утре нема да биде во составот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и нема да конкурира за настап на последниот меч од циклусот против Црна Гора во вторник. Неговиот клуб Штутгарт инсистира тој да се врати во Германија, откако неколкумина во репрезентацијата добија позитивни тестови на Covid-19.
Селекторот Милевски му дозволи да се врати во својот клуб, пред се за да се избегне евентуална непријатност поврзана со Covid-19 која би значела подолго отсуство од терените за Дарко Чурлинов. Ова значи дека младиот национален тим ќе биде дополнително ослабен за дуелот со Црногорците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













