Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по победата од 3-0 против Осасуна во натпревар од 27. коло на Ла Лига, потврди дека Дани Олмо беше заменет поради повреда.
Олмо го постигна првиот гол за Барселона од пенал во 21. минута, но само седум минути подоцна беше заменет од Фермин Лопез.
„Дани е повреден. Календарот е премногу натрупан, а тој сигурно ќе мора да пропушти неколку натпревари. Тоа се лоши вести за нас. Искрено, мислам дека ова не беше најдобриот датум за одигрување на заостанатиот меч и плативме висока цена со неговата повреда“, изјави Флик по натпреварот.
Според шпанските медиуми, 26-годишниот Олмо има повреда на адукторот и се очекува да паузира околу две недели. Тој сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари од Ла Лига против Џирона и Бетис, како и реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Атлетико Мадрид кој ќе се игра следната недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













