Барселона се најде во сериозни проблеми откако Серхио Агуеро нема да биде дел од тимот најмалку во следните три месеци поради здравствени проблеми. Агуеро ги направил сите кардиолошки тестови по кои било откриено дека има одредени проблеми со срцето, а колку се сериозни ќе се знае за три месеци, по нови дополнителни тестови.
Во секој случај, Барселона нема да може да смета на него во тој период, а можеби и до крајот на сезоната, па им треба ново име во нападот. Првиот избор е Дани Олмо.
Барселона работи на враќање на Олмо во клубот откако тој ја напушти и потпиша за Динамо Загреб како слободен играч, каде што се разви до тој степен што Лајпциг го купи за 20 милиони евра. Каталонскиот гигант има големи финансиски проблеми, но клупските челници велат дека летово ќе се отвори простор во буџетот за плати што би можеле да го искористат за да доведат еден квалитетен играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













