Connect with us

Дали е Барди позитивен на коронавирус?

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа го имаше првиот собир за старт на подготовките за Европското првенство и веднаш се појави можен проблем. Се очекуваат ПЦР – тестовите на репрезентативците, а посебно на Енис Барди. Двајца негови соиграчи од Леванте се позитивни на Ковид-19, а целата македонска јавност се надева дека тоа нема да биде случај и со Енис Барди.

Капитенот Горан Пандев и Аријан Адеми добија дополнителен одмор до 28 мај, а Столе Димотриевски ќе се приклучи последен поради клупски обврски во Шпанија.

Репрезентацијата денеска во 18 часот треба да го одржи првиот тренинг на комплексот на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови