Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Рига го игра шестиот меч од квалификациите за ЕВРО 2020 и ја посакува втората победа, против истиот противник кој веќе го совлада еднаш во Скопје. Летонците се аутсајдери во групата, имаат „пет од пет“ порази, а селекторот Игор Ангеловски се надева дека ќе имаат и шести по вечерашната пресметка со Македонија.
„Ја респектираме Летонија, но очекувам да одиграме мотивирано и да победиме. За нас е ова многу важен натпревар, со победа остануваме во игра за висок пласман во квалификациската група. . Бодот со Израел ќе добие на тежина само ако ја совладаме и Летонија, изјави селекторот Ангеловски.
Напаѓачот Иван Тричковски верува дека се на дуелот против Летонија ќе зависи од изданието на нашиот национален тим.
„Летонците заслужуваат респект и ќе го добијат од нас, но ние не размислуваме за нивната игра, туку фокусирани сме на нашето издание. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека само ние ќе се прашуваме за исходот на мечот“, вели Тричковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













