Connect with us

Чурлинов стрелец за Јагиелонија против екс-тимот на Јани Атанасов (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов влегува во голгетерска форма во пресрет на квалификациите кои Македонија ќе ги започне со гостување во Лихтенштајн на 22 март.

Попладнево, Јагиелонија одигра 2-2 на гостувањето против Краковија, а Чурлинов беше стрелец на првиот гол во 34. минута. Само пет минути подоцна, неговиот тим зголеми на 0-2, но ниту тоа не беше доволно за победа против екс-тимот на Јани Атанасов.

Во второто полувреме, домаќините успеаја да се вратат и со гол во 85. минута да израмнат на конечни 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови