Двајца Македонци се во идеалните тимови на Полска и на Хрватска за изминатиот викенд. Дарко Чурлинов е меѓу идеалните единаесетмина во првенството на Полска, додека Илија Несторовски е меѓу најдобрите за изминатото коло во Хрватска.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов блеска во Полска, каде што во Јагиелонија конечно доби вистинска можност да го покаже својот талент.

Крилниот фудбалер на последниот натпревар против Мотор успеа да постигне гол, придонесувајќи за убедливата победа од 3-0. Поради добрата игра е избран во најдобриот тим на колото.
Идентично е и со Илија Несторовски во Хрватска. Тој беше стрелец за триумфот (0-1) на Славен Белупо против Вараждин и заслужено е меѓу најдобрите за ова коло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













