Севилја беше во „дупка“. Го почна натпреварувањето во Европа во Лигата на шампионите, но откако беше елиминирана, си дојде на „свое“, во Лига Европа.
Не им одеше најдобро на Андалузијците и во Ла Лига, па дојде до промена на тренерската позиција и беше ангажиран Хозе Луис Мендилибар.
И тој го воскресна тимот. Се врати страста на Севилја за офанзивен фудбал и за гол повеќе од противникот. Чудотворецот, за живо чудо, досега имаше ептен скромно европско искуство.
Никогаш немаше натпревар во Лига Европа, да не зборуваме за ЛШ, единственото искуство му беа два натпревари во Интертото купот, и тоа во далечната 2005 година.
Со 62 години и 78 дена, Хозе Луис Мендилибар, е најстариот победнички тренер во Лигата на Европа на УЕФА. Тој го собори рекордот на Маурицио Сари, кој имаше 60 години и 139 дена кога го предводеше Челси до победата во 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













