
Единствениот странец кој минатата сезона настапуваше за Академија Пандев, Душан Чубраковиќ, и во новата сезона ќе го брани голот на струмичкиот прволигаш.
Српскиот голман беше еден од најзаслужните за освоениот трофеј во Купот на Македонија, поради што управата на клубот му понуди продолжување на договорот за уште една сезона. Двете страни набрзина најдоа заеднички јазик и денеска беше официјализирано продолжувањето на соработката.
Чубраковиќ ќе има можност со македонскиот прволигаш да настапува и во европските купови, во квалификациите за Лигата на Европа.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
