
Челзи сака да се вклучи во трката за доведување на Лионел Меси од ПСЖ, пренесуваат медиумите на Остробот. Аргентинецот за еден месец ќе го напушти Париз како слободен играч, а веќе извесно време се шпекулира дека кариерата би можел да ја продолжи во Барселона, од каде пред две години дојде во ПСЖ.
Освен Барселона, со месеци се пишува и за интересот на саудискиот Ал-Хилал, кој е подготвена да му даде на Меси астрономски договор, каков што никој во светот немал никогаш. Наводно би заработувал меѓу 300 милиони и 500 милиони евра годишно, во зависност од тоа каков договор ќе потпише и на колку години.
Сепак, Англичаните тврдат дека Тод Боели, американскиот сопственик на Челси, сака да ги расипе плановите на Барселона и на богатите Саудијци.
Зад Челси е сезона за заборав, вложија многу, а завршија далеку од позициите што водат кон Европа и испаднаа брзо од Лигата на шампионите. Со евентуалниот ангажман на Меси, Боели сака повторно да го врати фокусот дека Челси е моќен клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Интернационалци
Агон Елези донесе важен триумф за Горица (ВИДЕО)
