Connect with us

Челси ќе го „украде“ Мудрик пред носот на Арсенал?

Челси излезе во преден план пред Арсенал во трката за фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Михаило Мудрик. Спортскиот директор на Шахтјор, Дарио Срна, присуствуваше на вчерашниот натпревар помеѓу Челси и Манчестер Сити, информираа медиумите на Островот.


Мудрик веќе подолго време се поврзува со Арсенал. „Топчиите“ беа во многу напредни преговори, но клубот од Украина одби неколку понуди за нивниот талент и двете страни никогаш не успеаја да се договорат.

Тогаш интересот на Челзи дојде до израз и ситуацијата драстично се промени. Се верува дека Украинците инсистираат на зделка вредна околу 100 милиони евра, но бараат минимум 55 милиони да бидат платени веднаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови