Најдобриот натпревар од Премиер – лигата оваа сезона, а сигурно и неколку сезони претходно, денеска на „Стемфорд бриџ“ го одиграа Челси и Манчестер Сити. Шанси, голови, возбуда, неверојатно темпо и динамика.
Челси во финишот се спаси од пораз, а мечот заврши 4-4.
Ерлинг Халанд од пенал донесе водство за Сити, но потоа два гола за Челси постигнаа Тијаго Силва и Рахим Стерлинг. Пред крајот на првиот дел Сити израмни на 2-2 преку Аканџи.
Халанд донесе ново водство за Сити, израмни Николас Џексон, потоа Родри повторно обезбеди предност за „граѓаните“ (3-4), но Кол Палмер од пенал донесе бод за Челси во судиското продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













