
Шампионот Ливерпул и освојувачот на ФА Купот, Кристал Палас, одиграа 1-1 на „Енфилд роуд“ во последното коло од Премиер лигата. Натпреварот започна со шпалир за новите прваци, а заврши со свечено доделување на трофејот пред преполните трибини и во присуство на поранешниот менаџер Јирген Клоп.
Гостите поведоа преку Исмаила Сар уште во деветтата минута, по грешка на домашната одбрана. Ливерпул остана со играч помалку на стартот од второто полувреме, кога Гравенберх доби црвен картон. Сепак, тимот на Арне Слот успеа да се врати во натпреварот преку Мохамед Салах, кој го постигна својот 25-ти гол во сезоната и го потврди епитетот на најдобар стрелец и играч во лигата. Натпреварот беше последен за Трент Александер-Арнолд во дресот на Ливерпул.
Арсенал ја заврши сезоната со победа од 1-2 против Саутемптон. Киран Турни и Мартин Одегард беа стрелци за гостите, додека Рос Стјуарт израмни за домаќините во вториот дел. Триумфот му го обезбеди второто место на тимот на Микел Артета.
Тотенхем доживеа тежок пораз на домашен терен од Брајтон со 1-4, иако поведе преку Доминик Соланке. Во второто полувреме, гостите направија целосен пресврт преку Хишелвуд (2), О’Рајли и Гомез.
Челси со минимални 0-1 го совлада Нотингем Форест и се пласираше во Лигата на шампионите, исто како и Њукасл, кој и покрај поразот од Евертон (0-1), обезбеди место во елитното натпреварување. Манчестер Јунајтед славеше над Астон Вила со 2-0, спречувајќи го тимот од Бирмингем да избори пласман во ЛШ.
Манчестер Сити го победи Фулам со 0-2, со головите на Илкај Гундоган и Ерлинг Халанд од пенал.
Во останатите средби:
- Брентфорд – Вулверхемптон 1-1
- Ипсвич – Вест Хем 1-3
- Борнмут – Лестер 2-0
Крајна табела – Пласман во Европа и испаѓање
Ливерпул ја освои титулата, а места во Лигата на шампионите обезбедија Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Челси и Њукасл. Кристал Палас, како освојувач на ФА Купот, и Астон Вила ќе играат во Лига Европа, додека Нотингем Форест ќе настапува во Конференциската лига.
Од Премиер лигата испаѓаат Ипсвич, Лестер Сити и Саутемптон. Во елитата следната сезона ќе се натпреваруваат Лидс Јунајтед, Барнли и Сандерленд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
