
Составот на англискиот фудбалски клуб Челси на крајот од финансиската 2024 година е најскапиот во историјата во однос на платените трансферни суми, соопштува Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Според истражувањето, сите играчи на „сините“ чинеле вкупно 1,656 милијарди евра.
На второ место на оваа листа е Манчестер Јунајтед од 2023 година, чиј состав ги чинел „црвените ѓаволи“ вкупно 1,42 милијарди евра. Третото место го зазема Реал Мадрид, кој во 2020 година имал тим за кој биле потрошени 1,33 милијарди евра.
Челси направи дури 41 влезен трансфер во ерата на новиот сопственик Тод Боеали, кој го презеде мнозинскиот пакет акции во 2022 година. Сепак, скапите зделки на клубот не ги донесоа посакуваните резултати на теренот, бидејќи „сините“ минатата сезона завршија на шестото место во Премиер – лигата, а моментално се петти.
Според истражувањето, кое ги анализира водечките европски лиги, Реал Мадрид (1,073 милијарди евра), Манчестер Сити (854 милиони), Пари Сен Жермен (771 милион) и Баерн Минхен (765 милиони) имаат највисок обрт во 2023 година.
Премиер – лигата има дури девет клуба во топ 20 на оваа листа, со просечен обрт од 357 милиони евра и вкупен износ од 7,15 милијарди.
Шпанската Ла Лига е на второ место со 3,7 милијарди евра, следена од германската Бундес-лига со 3,6 милијарди. Потоа следуваат италијанската Серија А со 2,9 милијарди евра и француската Лига 1 со 2,4 милијарди. Генерално, клубовите во топ 20 покажуваат финансиска стабилност, бидејќи се на оваа листа уште од 2014 година.
Англиската и германската лига уживаат најголема посетеност, што се одразува на приходите од продажба на билети. За клубовите од Премиер – лигата, тие во просек изнесуваат 29,1 милион евра, додека за оние од Бундес-лигата – 23,7 милиони евра. Арсенал со 153 милиони, Манчестер Јунајтед со 129, Тотенхем со 123 и Ливерпул со 108 милиони се меѓу осумте европски клуба кои оствариле повеќе од 100 милиони евра приходи од билети во 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
