Connect with us

Челси е подготвен да плати 120 милиони евра за Де Лихт

Европскиот првак Челси направи голема работа со трансферот на Ромелу Лукаку ова лето, но сега менаџерот Томас Тухел има големи планови за одбраната. Раководството преговара со Рудигер и со Кристенсен за нови договори, а Тухел го има и Тијаго Силва, кој сепак е на залезот од кариерата.


Откако не успеа да го потпише Жул Кунде од Севилја, сега Челси ќе се насочи кон холандскиот интернационалец Матијс де Лихт од Јувентус. Неговата отштетна клаузула изнесува 150 милиони евра, а Челси е подготвен да испрати понуда од 120 милиони.

Челси се обидел ова лето да го купи и Бразилецот Маркињос од ПСЖ, но францускиот клуб ја одбил понудата од 103 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови