
Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин, изјави дека Светско првенство со 64 репрезентации во 2030 година би било „лоша идеја“ за европските нации и за турнирот во целина. Идејата за зголемување на бројот на учесници од 48 на 64 ја предложи уругвајскиот делегат во Советот на ФИФА минатиот месец, а од светската фудбалска централа порачаа дека тоа е нешто што вреди да се разгледа.
Уругвај е една од трите јужноамерикански земји, заедно со Аргентина и Парагвај, кои ќе бидат домаќини на по еден натпревар од финалето на Мундијалот во 2030, со цел да се одбележи 100-годишнината од првото Светско првенство, кое се одржа токму во Уругвај. Остатокот од турнирот ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко.
Чеферин истакна дека не е поддржувач на оваа идеја, бидејќи таа негативно би влијаела на европските квалификации.
„Овoj предлог што беше изнесен беше изненадување за мене, можеби дури и поголемо отколку за вас. Мислам дека тоа е лоша идеја“, изјави Словенецот на прес-конференција по завршувањето на конгресот на УЕФА во Белград.
„Сметам дека тоа не е добра идеја за самото Светско првенство, а уште помалку за нашите квалификации. Поради тоа не ја поддржувам. Не знам од каде потекнува предлогот, но е чудно што ништо не знаевме за тоа пред состанокот на Советот на ФИФА“, додаде Чеферин.
Тој одби да зборува за својата иднина како претседател на УЕФА. На конгресот во Париз во 2024 година, Чеферин изјави дека нема да се кандидира повторно во 2027 година, дури и ако се променат правилата за да му се овозможи четврти мандат. Сепак, има шпекулации дека го променил мислењето и дека повторно ќе се кандидира. Запрашан дали размислува за нов мандат, Чеферин одговори:
„Ајде сега да зборуваме за конгресот. Слушнав многу работи, вие исто така, но сега не е моментот да зборуваме за тоа.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
