Connect with us

Чави: Судиите ни нанесоа неправда, не досудија пенал за Барселона

Интер ја победи Барселона со 1-0 на „Џузепе Меаца“ и сега има три бода предност пред каталонскиот тим во „групата на смртта“ каде засега првопласиран со максимален ефект е Баерн Минхен. Победничкиот гол за Интер го постигна Хакан Чалханоглу во последните мигови на првото полувреме.


Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, по поразот ги нападна судиите, кои не досудија пенал во завршницата.

„Лут сум поради ситуацијата во која требаше да се вратиме во живот. Тоа е неправда. Веќе кажав дека судиите мора да дадат објаснувања за нивните одлуки. Ништо не разбирам. Судијата треба да зборува по натпреварот и да каже зошто донел таква одлука. За мене е многу јасно играњето со рака во шеснаесетникот. Затоа го сметам за неправда. Бевме подобри, но тоа не беше доволно да оствариме и добар резултат“, изјави Чави.

Тренерот на Барселона знае дека Барселона веќе нема право на грешка до крајот на групната фаза во ЛШ.

„Следните три натпревари се за нас и три финалиња. Загрижен сум за поразот. Баерн има девет бода, Интер шест, а ние три. Доцна се разбудивме. На крајот направивме серија напади, но не успеавме да постигнеме гол. Знаевме дека шутирањето надвор од шеснаесетникот е една од нивните доблести и токму така примивме гол“, анализираше Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови