Connect with us

Чави: Реал свесно влијае на судиите, и тоа го прави секоја недела

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го обвини Реал Мадрид за притисокот што го врши над судиите секоја недела, велејќи дека тоа го прави првенството во Ла Лига бесмислено.


„Веќе реков дека раководството на Реал Мадрид влијае на судиите и тоа го прави секоја недела. Тоа не ми се допаѓа“, изјави Чави Хернандез.

Веќе неколку недели клупската телевизија на „кралскиот клуб“ емитува снимки од судиски одлуки на нивна штета.

„Мислам дека тоа го прави првенството бесмислено. Судиите се под влијание и тоа е факт“, истакна тренерот на Барселона.

Зборовите на Чави се идентични како претседателот на клубот Жоан Лапорта, кој во петокот рече дека тоа што го прави телевизијата на Реал Мадрид е далеку од достоинствено. Тој исто така го критикуваше судењето на неодамнешниот натпревар на Реал Мадрид против Алмерија, на кој мадриѓаните губеа со 0-2, но направија пресврт и победија со 3-2, а имаше три крајно контроверзни одлуки на ВАР.

„Срамота е тоа што се случи против Алмерија. Целиот свет го виде тоа и наместо тоа тие велат дека судиите ја фаворизираат Барселона“, изјави Лапорта за радио „RAC1“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови