
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше многу критичен кон своите играчи и покрај успехот од 0-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад. Тој изјави дека неговиот тим не заслужил да победи.
Според него, причината за ваквиот настап е тоа што тимот сѐ уште го нема преболено поразот во „Ел Класико“.
„Во моментов го чувствувам токму спротивното од минатата недела. Реал Сосиедад многу повеќе ја заслужи победата. Луѓето ги гледаат само резултатите, но не и ние. Минатата недела одигравме многу добро, но сега тоа не беше случај. Мора да бидеме самокритични. Не игравме добро. Не се справуваме добро со додавањето на топката. Како „Ел Класико“ да ни влијаеше негативно. Како да имаме уште мамурлак од тој натпревар. Првите 20 минути се неприфатливи. Сосиедад има многу силен среден ред. Тие се одличен тим. Оваа победа има голема вредност, но не е постигната на начинот на кој ние тоа го сакаме“, изјави Чави.
Сепак, најде и нешто добро, тоа секако се трите бода што Барселона ги освои во Сан Себастијан.
„Да победиш кога не играш добро е знак на шампионски менталитет. Ова е златна победа. Таа ќе ни ја врати самодовербата по „Ел Класико“. Тој пораз влијаеше негативно на нас“, додаде тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
