Connect with us

Чалханоглу го напушта Милан, но останува во Италија?

Хакан Чалханоглу, наводно, е блиску до постигнување договор со Јувентус. Договорот на репрезентативецот на Турција со Милан истекува во јуни и иако преговорите за нов договор се во тек, двете страни се уште не постигнале договор.

Според италијански “Калчомеркато”, Јувентус му понудил на Чалханоглу договор вреден 5 милиони евра годишно, сума што „росонерите“ сè уште ја немаат ставено на маса. „Старата дама“ и играчот од средниот ред се блиску до постигнување договор, но Милан смета дека е сè уште присутен во трката.

„Росонерите“ му понудија плата од 4 милиони евра годишно на 27-годишниот фудбалер, но би можеле да ја зголемат својата понуда доколку се квалификуваат во Лигата на шампионите за следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови