Динамо Загреб оствари убедлив триумф над Славен Белупо, а тренерот Анте Чачиќ порача дека тимот е самоуверен во пресрет на реваншот во вторник против Шкупи во квалификациите за ЛШ. Хрватскиот првак ќе допатува во Македонија, откако првиот меч на „Максимир“ заврши 2-2.
„Немам некои дилеми за Шкупи. Знам каде погрешивме и каде треба да бидеме подобри и на тоа работевме изминатите денови. Свесни сме дека сме подобри и верувам дека ќе поминеме понатаму“, изјави Анте Чачиќ, по синоќешниот триумф (1-5) над Славен Белупо во хрватското првенство.
Тој по натпреварот го однесе тимот на „Максимир“. Фудбалерите спиеја во клупскиот хотел, денеска ќе тренираат, а тимот утре ќе пристигне во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













