Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, зборуваше за шансите на својот тим во финалето на Лига Европа во Даблин против италијанскиот калчолигаш Аталанта.
Шпанскиот стратег без пораз ги предводеше „фармацевтите“ до првата титула во Бундес – лигата, а до крајот на сезоната може да освои уште два трофеи.
„Секогаш е неверојатно да се вратиш во Даблин. Се чувствувам убаво, ме навраќа на моите години во Ливерпул, релациите со Република Ирска беа многу силни, сигурен сум дека нашите навивачи ќе имаат одличен ден во Даблин“, изјави Чаби Алонсо.
Баер Леверкузен може да го освои Купот на Германија и трофејот во Лигата на Европа и да забележи историска тројна круна. Тимот е без пораз на 51 последовен меч во сите натпреварувања.
„Ние сме целосно подготвени и имаме неверојатен состав. Во текот на сезоната играчите ми покажаа дека се подготвени токму за такви натпревари. Покажавме дека сме многу силни психички и имаме голема самодоверба. Можеме повторно да го направиме тоа. Аталанта има многу силна сезона и ние максимално ги респектираме“, истакна тренерот на Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













