Connect with us

Буфон призна дека бил зависник од обложување и дека страдал од депресија

Славниот италијански голман Џанлуиџи Буфон (46) во интервју за „Кориере дела Сера“ призна дека бил зависник од обложување и дека страдал од депресија. Повод за интервјуто беше претставувањето на неговата автобиографија со наслов „Џанлуиџи Буфон: падни, стани, падни, стани“.

„За некои тоа е порок, а за мене беше адреналин. Во едно сум сигурен: никогаш не направив ништо незаконско. Всушност, никогаш не бев под истрага ниту добив предупредување. Се обложував само на кошарка и тенис“, изјави Буфон за обложувањето.

Потоа објасни дека страдал од депресија, поради што посетил и лекар.
„Одбивав да земам лекови. Ми беа потребни, но се плашев да не станам зависен од нив. Го посетив лекарот само три или четири пати, но ми даде вреден совет: негувај други интереси, не се фокусирај исклучиво на фудбалот. Тогаш го открив сликањето“, рече Буфон.

Буфон во моментот е дел од стручниот штаб на селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети, а во својата богата кариера дури 176 пати го носеше дресот на „аѕурите“, со кој стана светски шампион во 2006 година.
За време на својата професионална кариера одигра над 1100 натпревари и освои 26 трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови