Португалскиот стратег Бруно Лаге е нов менаџер на Вулверхемптон, потврди англискиот премиерлигаш.
Како што се очекуваше, португалскиот стручњак пристигнува на клупата, која во најголем дел ја сочинуваат фудбалери од оваа пиринејска земја. Лаге ќе го наследи неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто како нов менаџер на „волците“.
„Ова е тим и клуб кој сака да направи големи работи во Премиер – лигата. Воодушевен сум што сум дел од овој проект и се надевам дека заедно ќе направиме големи работи“, рече Лаге.
Тој беше помошен тренер на Шефилд Венсдеј до 2017 година, а после тоа и на Свонси. Најголемиот успех го постигна на клупата на Бенфика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













