
Македонскиот прволигаш Брера натпреварот од 20. коло од Првата фудбалска лига против Македонија ЃП ќе го одигра в недела на стадионот во Турново. Дуелот е закажан во 14 часот, а влезот за сите лубители на фудбалот е слободен.
Стадионот ќе биде во ново руво сo оглед дека се прават одредени инвестициони зафати на овој комплекс . Трибините се целосно адаптирани и уредени со цел прием и подобар комфор на посетителите за следење на натпреварот на Брера против Македонија ЃП во Турново.
По победата против Силекс (0-1) во Кратово, фудбалерите на Брера тврдат дека самодовербата е на високо ниво, но Македонија ЃП е нов предизвик за кој е потребна и поддршка од трибините.
„Мислам дека против Силекс одигравме тактички добро и се виде таа енергија и желба за подобар учинок во пролетниот дел од првенството. За нас Силекс е веќе минато и сите мисли и погледи ни се насочени за дуелот со Македонија ЃП со кого ќе играме во Турново во недела. Ова нека биде и покана од сите нас во клубот до лубителите на фудбалот да дојдат во Турново и да ни дадат поддршка. Се надевам дека заедно со нив ќе се радуваме на уште еден добар резултат. Убеден сум дека ќе дадеме се од себе за да го продолжиме започнатото од Кратово“, изјави капитенот Марко Алчевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
