Македонскиот прволигаш Брера го продолжи договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Круљ до крајот на следната сезона. Струмичани се уверени дека тимот под негово раководство може да направи исчекор повеќе во следната сезона.
Круљ во таборот на Брера дојде на почетокот на 2024 и успеа резултатски да го стабилизира тимот, обезбедувајќи опстанок во Првата лига.

По завршување на последната првенствена сезона, Круљ истакна дека неговите лични амбиции се атак на врвот на прволигашката табела.
„Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата, а ако ни се даде можност за излез во Европа тоа да го искористиме. Наша цел е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови и дома и на гости“, истакна Круљ.
Бојан Круљ има 35 години и претходно има работено во Вождовац, Синѓелиќ, ИМТ, Рудар Приједор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













