
Македонскиот прволигаш Брера денеска на теренот на СЦ Пандев во Струмица ги почна подготовките за новата сезона. На првиот тренинг се појавија сите фудбалери на кои стратегот Бојан Круљ ќе смета во подготвителниот период, но и за наредната првенствена сезона.

Во подготовките за сениорскиот состав се приклучија дури 10 фудбалери од младинскот погон, а од минатата сезона недостасуваат Руфати, Ристевски и Цветаноски.

Подготовителниот период Брера ќе го реализира во Струмица и во Банско, Бугарија, каде екипата ќе замине на 10 јули . Таму се планирани и четири контролни натпревари.
До стартот на првенството во август, формата ќе се темпира во Струмица.

Шефот на стручниот штаб Бојан Круљ најави дека во следната натпреварувачка сезона Брера Струмица ќе биде далеку поконкурентен тим кој отворено ги најавува амбициите за атак на првите четири позиции на прволигашката табела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
