
Македонскиот прволигаш Брера потпиша договор со францускиот фудбалер Џибрил Дианиси кој во својата играчка кариера има настапувано за повеќе клубови во Франција, Белгија, Холандија, Естонија. Станува збор за 28 – годишен играч кој игра на крилната и на напаѓачката позиција кој минатата сезона настапуваше за белгискиот Ла Лувие. За овој клуб има 13 настапи во првиот тим при што постигнал три гола.
Дианеси потекнува од школата на француски Тулуз од каде заминува во Холандија каде три сезони настапува за Мастрихт и за Фортуна. Кариерата ја продолжува во естонски Номе Калју и белгискиот Ла Лувие .
„Долго преговаравме со овој играч бидејки сакавме да го донесеме во нашите редови. Ова засилување ги покажува нашите амбиции за наредната сезона и дека во нареднито период нашиот клуб ќе ангажира засилувања од истиот калибар. Во прашање е играч кој може да покрива повеќе позиции во нападот и очекуваме многу во следната сезона“, изјави претседателот на клубот Горан Пандев за новото засилување.
Џибрил Дианеси потекнува од Мали и тој се приклучи со стартот на подготовките за новото првенство.
„Чест и задоволство е да играм за клубот кој за претседател го има Горан Пандев. Ќе дадам сѐ од себе за исполнување на амбициите на тимот за новата сезона, бидејки од тоа што го слушнав Брера за наредната сезона ќе атакува на врвот на прволигашката табела“, изјави Дианеси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
