
Фудбалерите на Брегалница денеска во Ѓорче Петров од 13:30 часот го играат реванш натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија против Македонија ЃП.
Сосема е јасно дека противникот ја носи фаворитската улога во оваа пресметка, но „сините“ со предност од 1-0 од првиот натпревар во Штип патуваат денеска во Скопје. Огромна е желбата во таборот на Добринко Илиевски да се обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи во Купот, но факт е дека ги чека повеќе од тежок натпревар во кој Македонија ЃП е, исто така, силно носена од амбицијата за пласман во четвртфиналето.
„Не очекува дуел со навистина силен противник за што доволно зборува првенствената табела во Првата лига. Имаме предност од првиот натпревар и тоа секако не обврзува да го дадеме максимумот за пласман понатаму во Купот. Постои огромна желба кај нас да се продолжи со ова натпреварување, верувам во квалитетна наша партија во Скопје па ќе видиме што тоа ќе донесе“ – вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски.
Интересни натпревари се очекуваат и во Кратово, меѓу Силекс и Шкупи, и во Струга каде Струга ТЛ го пречекува Борец. И на двата дуел се почнува од нула во обидот за пласман во четвртфиналето. Прволигашите имаат лесна задача во останатите пресметки, со исклучок на Работнички кој има реми (1-1) од првиот меч против Пелистер.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш натпревари, 13:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (0-1)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-2)
Охрид: ОХРИД – ЛАБУНИШТА (0-2)
Кочани: ОСОГОВО – АК. ПАНДЕВ (0-3)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-1)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (0-0)
Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (0-0)
УТРЕ
Тетово: РЕНОВА – ТИКВЕШ (2-0)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Гави ќе ја носи „шестката“ на Чави

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Реал остана без Менди во следните два месеци

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рајо го победи Вилјареал на гости (ВИДЕО)
