Еден од фаворитите на Светското првенство, селекцијата на Бразил, стана последниот тим што пристигна во Катар. „Селесао“ во текот на денот од Торино, каде што се подготвуваше за Светското првенство изминатата недела, синоќа слета на аеродромот во Доха околу 21 часот по локално време.
Сега очите на сите Бразилци се вперени во Тите и фудбалеирте се прашуваат дали овој тим навистина може да го освои Мундијалот.
„Кариоките“ загубија во Русија 2018 во четвртфиналната фаза со 1-2, а на Светското првенство 2014 година, кога самите беа домаќини, налетаа на Германија и загубија со 7-1.
„Селесао“ го освои турнирот најмногу пати – вкупно пет, но последен пат тоа се случи пред 20 години на СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, кога „кариоките“ ја победија Германија со 2-0.
Бразилците обидот да стигнат до шестата светска титула го отвораат со мечот против Србија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













