Бразилецот Фернандо Аугусто Родригес де Араујо (25) е најновото засилување на тимот на Македонија ЃП, кој денеска и официјално беше претставен од страна на финалистот на Купот на Македонија. „Лавовите“ од Ѓорче Петров по неколкуте домашни засилувања се решија и за трансфер од странство, а изборот за нов дефанзивец падна токму врз Фернандо.
“Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб – нешто што знам дека ќе го возвратам со иста мера. Со нетрпение чекам да го облечам дресот и да го дадам својот придонес за што поуспешна сезона“ – изјави Бразилецот по потписот на договорот со „лавовите“.
Македонија ЃП за неколку дена го игра првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа против екипата на Алашкерт од Ерменија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













