
Бразилската фудбалска конфедерација донесе одлука да го отпушти селекторот Доривал Жуниор, пренесува бразилскиот медиум „УОЛ“. Веста треба официјално да биде објавена во следните часови.
Причината за оваа одлука е поразот од Аргентина (1-4) во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026 година.
62-годишниот Жуниор ја презеде селекцијата на Бразил во јануари 2024 година. Неговиот договор беше со важност до крајот на 2026 година.
Бразил има 21 бод по 14 одиграни натпревари и се наоѓа на четвртото место на табелата во квалификациите за Светското првенство 2026.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
