Connect with us

Бразил ќе го направи Анчелоти најплатен тренер во светот

Карло Анчелоти е на кормилото на репрезентацијата на Бразил само шест месеци, но веќе успеа да ги убеди сите во земјата дека е вистинскиот човек за таа функција. Според „АС“, Италијанецот ќе стане најплатениот тренер во светот кога ќе го продолжи договорот во јануари. Новиот договор ќе го задржи на чело на Селесао до 2030 година.

Досега, 66-годишниот стратег ја водеше селекцијата на само осум натпревари, на кои забележа четири победи, две ремија и два порази. И покрај мешаниот биланс, настапите на официјалните натпревари ѝ обезбедија на репрезентацијата пласман на следното Светско првенство.

Бразилската фудбалска конфедерација е целосно уверена во одличната работа што ја врши Анчелоти. Двете страни веќе постигнале договор за продолжување на соработката за уште четири години.

Првичниот договор на италијанскиот стручњак беше до крајот на Светското првенство во 2026 година, а тој ја презеде функцијата од својот претходник Доривал Жуниор.

На претстојното Светско првенство, Бразил се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на Шкотска, Хаити и Мароко.

Првиот натпревар за Селесао е токму против Мароко, репрезентација која го освои четвртото место на последниот Мундијал. Средбата е закажана за 13 јуни и ќе се одигра во Њу Џерси, САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови