
Едоардо Бове, младиот фудбалер на Фиорентина, кој вчера се онесвести за време на натпреварот против Интер, моментално е во стабилна состојба на одделот за интензивна нега. Според последните информации, тој е свесен и комуникативен.
Бове (22), кој е на позајмица од Рома, ненадејно се сруши на теренот, што предизвика голема загриженост и емотивни сцени меѓу неговите соиграчи, публиката и медицинскиот тим. Натпреварот беше прекинат, а играчот веднаш беше пренесен во болница.
Според соопштението на Фиорентина, Бове не е во животна опасност, а резултатите од деталните медицински испитувања се очекуваат денес. Првичните информации од италијанските медиуми сугерираат дека Бове доживеал епилептичен напад кој кратко време бил проследен со срцев застој. За среќа, кардиолошките и невролошките испитувања исклучиле трајни оштетувања на централниот нервен и кардиореспираторниот систем.
Драматичниот момент го следела и мајката на Бове која била присутна на трибините. Таа, шокирана од случувањата, се онесвестила, но по укажаната помош се опоравила и се упатила кон болницата за да биде со својот син.
Настанот ги потресе сите, но среќните вести за неговата стабилна состојба донесоа олеснување за неговото семејство, тимот и фудбалската заедница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski